Добредојдовте во светот на Живата историја и Живата природа на Општина Новаци. Преку оваа апликација можете да се запознаете со препорачаните патеки за возбудлива прошетка низ Мариово. Преку интерактивни видео записи можете да прошетате по патеките, а преку изработените 3D видеа виртуелно да се внесите во најдобрите предели на Мариово.

Апликацијата подржува опрема за виртуелна реалност. Доколку поседувате таква опрема (3D/VR кациги, 3D/VR наочари и сл.) можете видеата да ги разгледувате во виртуелна реалност. Исто така подржани се низа тренажери преку кои можете да ги возите патеките од вашиот дом (повеќе за ова на www.kinomap.com/apps/trainer).

Секако, најдобро е ако со овие виртуелни прошетки Ве привлечеме да го посетите Мариово ВО ЖИВО. Мапите и описите во апликацијата можат да Ви служат како Ваш водич низ Мариово.

КАЈМАКЧАЛАН

Вид на патека: Погодна за планинари, планински велосипеди и теренски возила,

Тежина на патеката: Тешка

Растојание: 31,6 км

Details